Археолошкото Истражување "Скопско Кале" со сите свои посебностите ни ја наложија неопходноста од отварање на оваа веб страница, уште во текот на истражувањата.
Големиот обем на истражувања (околу 300 ангажирани луге), силно експонираната позиција на локалитетот во самиот центар на Скопје, како и големиот медиумски, јавен и научен интерес направија да ја понудиме можноста преку овој веб сајт секој да го следи текот на археолошките истражувањата со најзначајните откритија кои при тоа се случуваат.
Свесни дека со отворањето на овој сајт, во извесна мерка ги загрозуваме авторските права на самите истражувачи, сепак се решивме на таа сметка да оствариме други, според нас многу повисоки цели. Се одлучивме за една нова и невообичаена практика во археолошкото работење, која треба да обезбеди што е можно поголема отвореност на истражувањата и достапност до откриените резултатите уште пред тие да бидат научно обработени и јавно презентирани. Така, го отвараме овој сајт во служба на широко афирмирање, како на самиот локалитет "Скопско Кале", уште повеке на археологијата како наука и нејзината социална димензија и хуманитарна мисија во развивање на општата свест за значењето на културното наследство и правилниот однос кон него.
Со отварањето на овој сајт, после само два месеци од почетокот на истражувањата, убедени сме дека преку него во целост ке ги оствариме вака поставените цели, посебно доколку и во наредните години се обезбеди неопходниот континуитет на археолошка работа и конзерваторски активности на Скопско Кале. |