СЕКТОР 5
Се наога на јужната страна од Калето, почнувајќи од кула 13 на запад, протегајќи се долж внатрешната страна на Јужниот бедем до Јужна порта на исток.
Во кула 13 се откриени подот на нејзиниот 3 кат. Крај Јужниот бедем е откриен солидно ѕидан обход кој го следи бедемот се до Јужната порта.
Се расчисти и целосно отвори влезната партија на Јужна порта фланкирана од двете страни со кулите 11 и 12. На самиот влез се откри праг - камен блок над кој се наоѓала влезна арка.
Од внатрешната страна на бедемот, во непосредна комуникација со него се открија различни објекти со повеќе фази на градење. Во западниот дел на секторот се откри конструкција која служела за пристап кон 3 кат на кула 13. Истата имала пристап од источната страна преку поплочена улица која кон запад преку едно скалило продолжувала како калдрма.
Во највисоките слоеви на секторот се откри комплексна градба (најверојатно работилници) составена од 4 простории. Според откриениот материјал комплексот се датира во XIII-XIV век. (1270-1350). Под комплексот повторно се откри просторија која во одреден период од постоењето функционирала како работилница за производство на метални предмети.
Во сектор 5 засега се откриени само 2 погребувања што може да индицира дека и на овој простор би се открил дел од средновековната некропола.
Движниот материјал укажува на хронолошко единство главно од средниот век, исклучувајќи ги повремените упади од подоцнежните периоди. Се издвојуваат: фрагменти од повеке луксузни чинии, крстовидна апликација, коскена стрела, бронзен прстен, коскени и бронзени игли бронзени копчиња, мноштво византиски монети.

сл. 1. официјално отпочнување на истражувањата - од исток |

сл. 2. од почетоците на истражувањето - од исток |

сл. 3. бедем |

сл. 4. чистење на гроб |

сл. 5. јужна порта и јужен бедем |

сл. 6. средновековен објект |

сл. 7. општа фотографија на нивото на средновеквните градби |
|
|
од 02.06.2007 до 27.07.2007 год.
Со продолжувањето на истражувањето на просторот околу јужната влезна порта, од внатрешната страна на бедемот, сукцесивно се истражуваат средновековни слоеви во кои се откриваат делови од различна архитектура и мноштво движни наоди. За посебно издвојување е целосно откривање на една камена градба - куќа од XIII век како и остатоци од постара градба од плитарни тули од XI - XII век. За жал, поради лимитираноста на просторот за истражување оваа градба засега не може во целост да се открие и определи. И другите појави што се откриваат на овој простор, (широк само 5 метри) помеѓу бедемот и терасата на модерниот ресторан Кале (делови од архитектура, погребувања, јами и слично) се откриваат главно во сегменти. Во секој случај, во секторот 5 остануваат за истражување уште постарите средновековни слоеви за да се стигне до нивото на влезот, поточно до веќе откриениот праг од влезната порта. Во таа смисла, како една од основните задачи за решавање на тој простор, претставува откривањето на поврзаноста или комуникацијата на влезната партија со внатрешноста на градот, поточно со повисоките партии во тврдината.
сл. 8. |
сл. 9. |
сл. 10. |
сл. 11. |
сл. 12. |
сл. 13. |
сл. 14. |
сл. 15. |
сл. 16. |
сл. 17. |
сл. 18. |
сл. 19. |
|